речник контакт

Дополнителен уписен рок за бруцоши на Техничко- технолошкиот факултет во Велес

Има слободни 34 места на двете насоки

Петар Печков

Денес, петок и понеделник, на повеќето факултети од Универзитетот Св. Климент Охридски има дополнителен четврти уписен рок, за студенти на прва гдоина, меѓу нив и на Техничко- технолошкиот факултет од Велес.

На двете насоки нутриционизам и прехранбен техничар и биотехнологија  има 34 слободни места  за редовните студенти и четири за вонредните.   На насоката  нутриционизам  има  16 а на насоката и прехранбен техничар и биотехнологија има 18 слободни места, уписот е со 200 евра партиципација. 

На втората насока има и четири слободни места за вонредни студенти  а партиципацијата е 400 евра.  Резултатите од овој дополнителен конкурс ќе бидат објавени на  8-ми октомври.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »