Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јули 2026
На два дена пред завршување на рокот за аплицирање за самовработување, 130 жители на велешко се пријавиле а рокот истекува утре, петок. Државата обезбедува 10 илјади евра за лица до 29 годишна возраст а 7 илјади евра за лица над 30 годишна возраст.
„Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.Тие добиваат и 10 отсто бонус. Преку здружување на двацја апликанти во во ДОО од 14.000 до 20.000 евра. Шансите да добијат грант се големи“ – кажа Марјан Ристески заменик министер за економија.
Обврска на апликантот е најмалку две години да ја одржува фирмата. Парите не се добиваат во готови, туку прку проектот се плаќа за обезебдување на основни средства за работа, преку профактура но не и за закупнина. Оперативниот план за самовработување има обезебдено средства во висина од 22,5 милиони евра.
Од оваа мерка исклучени се земјоделска дејност, такси служба, продажба на оружје и муниција, приватни агенции за вработување, коцкарници, калдилници, игри на среќа, осигурителни компании.
„Целта на овие мерки е намалување на невработеноста, развиање на локалната економија и да ги задржиме младите да останат во државата“ – додаде Ристески.
| Tweet |




