речник контакт

Дојдоа дивите, ги избркаа питомите

Дивите тезгаџии го окупираа паркинг просторот пред Градскиот пазар. Ги избркаа инвеститорите за покриен пазар, муштериите на ТУШ а на основците од двете училишта им пречат во наставата.

Петар Печков

Дивите препродавачи пред пазариштетот  во Велес  ја  уништија можноста градот да добие покриен пазар бидејќи бесправно го окупираат паркинг просторот. Заинтересираните бизнисмени кои преку јавно-приватно партнерство сакале да вложат за да се покрие долниот дел од Градскиот пазар а воедно  над него да се изгради и деловен простор, ја отфрлиле идејата бидејќи за таква инвестиција да им се врателе вложените средства, оти немало паркинг простор.

Паркинг простор има, но за жал тој е бесправно окупиран од дивите препродавачи. Има место за 40-тина автомобили, но на нив секој пазарен ден, вторник, петок и недела има стотина тезги кои со години продаваат стока. Потенцијалните инвеститори кога ја видоа фактичката состојба веднаш ги прекинаа разговорите – изјави Љупчо Лазевски раководител на РЕ Градски пазар при ЈКП Дервен. Иако тие имаат изготвено идејно решение тоа некое време ќе остане во фиоките како неприменливо.  Залудни биле апелите до надлежната пазаришна инспекција и сообраќајната полиција за да се отстранат дивите тезги тоа  досега не се случило.   На ваквата состојба реагираат и продавачите од пазарот кои велат дека овие препродвачи се нелегална конкуренција.

Со години се толерираат, од за нас непознати причини, иако од нив сите губат. Не плаќаат никаква такса, немаат документи за стоката, се е дива лига. А да не зборуваме дека продаваат храна по земја а нас ни бараат ХАСАП систем. Инспекциите треба конечно да се справат со овие диви препродавачи – велат пазарџиите од Велес. Тие потсетуваат дека на Градскиот пазар има 400 тезги а диви препродавачи има стотина, што зборува дека станува збор за голем број на  поединци кои преку сива економија одлеваат пари од државната и општинската каса.

Окупираниот паркинг простор им создва проблеми и на купувачите од соседниор  ,,Туш,, маркет бидејќи нема каде да ги паркираат нивните автомобили. Од ,,Туш, велат дека кога го отврале маректот им било ветено дека паркингот ќе биде во функција секој ден, но во пракса тоа сега е секој втор ден, кој не е пазарен. Проблеми со овој простор имаат и  неколку стотини ученици од  двете основни училишта Благој Кирков и Јордан Хаџиконстантнинов Џинот, под чии прозори се дивите препродавчи а вревата и жагорот не дозволуваат да се одвива нормално наставата.

Пред неколку години во заедничка акција на комуналниот инспектор на Општина велес, државната апзаран инспекција и сообраќајната полиција при СВР Велес, овие диви тезгаџии беа отстранети од  паркинг оросторот. Ако се сака, се може....

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »