речник контакт

Дојдоа првите донации во Фондот за болните деца од Велес

Дојдоа првите донации во Фондот за болните деца од Велес, кој е формиран неодамна од Здружението на родители за грижа за здраво поколение.

Петар Печков

Дојдоа првите донации во Фондот за болните деца од Велес, кој е формиран неодамна од Здружението на родители за грижа за здраво поколение. На неделиот продажен саем во Младинскиот парк, жени од повеќе невладини организации од градот изложија храна, слатки, кукли и други домашни прозиводи од чија продажба, собраните средства се влеаја во овој Фонд со цел навремен медицински третман.

- Сите деца и нивните родители кои имаат потреба од парична помош наместо да одат по фирмите или од врата на врата, можат писмено да се обратат до нас а наше ќе биде парите кои ги собираме да ги доделуваме на тие што навистина им треба. Фондот е  пред се наменет за случаи за кои нема можност за лекување кај нас во Македонија, туку во странство - изјави д-р Лиле Христова претседател на УО на Фондот. Таа како педијатар посочи дека во градот кај децата има многу случаи на хронично болни или пак оперативни зафати кои се вршат странство а висок процент на сиромашни родители кои не моат да ги покријат трошоците на лекување.

 Во него се вклучиле 56 велешки фирми кои секој месец ќе уплатуваат по сто евра. Првите средства што легнаа на сметката од Фондот се од петочниот концерт на оперскиот пејач Борис Трајанов, кој го одржа во Велес и отстапи 15 илјади денари а од вчерашната продажба собрани се 18 илјади денари од кои една третина се донација на велешанецот Зоран Манасков, кои иако ништо не купи изводи 6 илјади денари.

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »