речник контакт

Драма на железен мост, драма на езеро, и двете со среќен крај

Велешанка се обидела да скокне од железен мост, велешанец се здавил на езеро. Двете лица спасени, со покажаната присебност на нашите сограѓани. Кој тоа вели велешани сериџии! Кога треба знаат и помагаат.

Петар Печков

Во неделата попладне на две различни локации во гадот, две животни драми кои имаа среќен крај. Попладнето околу 16 часот на Железен мост е забележена жена која сака да скокне. Но не во реката Вардар, туку кај спортските терени од Дворови. Била повикана полиција, Брза помош и по разговори и убедувања, таа се повлекла, по што е префрлена во велешката Болница. Од Брзата помош информираа дека не станува збор за ситата личност, која пред два месеци се обиде да скокне од Стар мост, туку за друга.

Истовремено на велешкото езеро Младост имало исто така драма. Околу 17 часот дувнал силен ветер, кој предизвикал гумен чамец ,,маестрал,, да се преврти, кај првата плажа на влезот од езерото, на педесетина метри од неа. Во чамецот бил 35 годишен велешанец со 14 годишна внука. На помош на двете лица, веднаш се упатиле чамците кои тогаш биле на  езерото.  Но додека дошле таму, мажот се напил доста вода по што имал видлив здравствени проблеми. Поради тоа веднаш бил пренесен од брзата помош, која случајот го води како давеник. Но по укажаната помош тој е пуштен дома.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »