речник контакт

Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатирал неправилности во работа на Центарот за јавно здравје Велес, директорот вели работевме по протокол

Директорот Димитриевски објаснува како ги откриевме сите 64 случаи во Велес ако не работевме по препораките за ковид-19

Петар Печков

Во  Центарот на јавно здравје (ЦЈЗ) од Велес констатирани се повеќе неправилности, кои денес на прес конференција ги објави д-р Ирина Сотирова Бухова, директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат.

Тие беа во вонреден инспекциски надзор  изминатата седмица, откако тројца вработени од велешкиот ЦЈЗ се позитивни на КОВИД-19, поради што сега девет вработени лица се во самоизолација, во домашни услови.   

Констатирани се низа неправилности. Меѓу нив дека сите брисеви за сомнителни случаи на лица со КОВИД-19 се вршени без епидемиолошка анкета, евиденцијата која се води е само како скрининг а некој пат ни така,  туку список кој некој пат е напишан на рака до лицата кои работат на пунктот каде се земаат брисеви.  Потоа не носење на лична заштитна опрема од одговорното лице и чести блиски  меѓусебни контакти на вработените без држење на пропишано растојание. Ослободување од работа на здравствени работници без никаков основ согласно  препораките на Владата,  непочитување на алгоритамите за земање на материјали за молекуларна дијагностика, непостоење на епидемиолошки анкети за процена на ризик. Во случајот со продажниот објект на Кит-Го, каде на инсистирање на Државниот здравствен инспекторат, ЦЈЗ Велес ги направи анкетите на вработените. По ова се констатира дека 15 од нив, се под здравствен  надзор  а маркетот ја продолжи работата со останатите вработени.  Одговорно тврдам дека лицата кои сега се на работите места, не се здравствен ризик за потрошувачите    и за функционирање на маркетот - кажа д-р Сотирова Бухова. 

Директорот на ЦЈЗ Тони Димитриевски со став дека   кај нив се работело по протокол.

Не можам да се согласам со изнесените ставови. Ако сме работеле без епидемиолошка анкета како ќе ги откриевме сите 64 случаи во Велес кои не се од еден два или три кластери.  Вработените од  Центарот не се лица кои се во директен контакт со сомнителни  лица на кои им се земаат брисеви, или се позитивни оти биел во контакт со наши заболени пациенти. Откривме шест случаи на лица од продажниот објект, каде продолживме со скрининг. Можно е да имаме различен начин во водењето на книгите, документите и да тука е проблемот со кој се разијдовме  со Државниот санитарен и здравствен инспекторат - изјави директорот Димитриевски.       

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »