речник контакт

Државно џудо првенство во Велес ( фото)

Најмногу титули за Миоки од Скопје, организаторот ЏК Гемиџии - велешани без медал

Петар Печков

Во неделата во салата на ОУ Блаже Конески се одржа  државното првенство во џудо, организатор беше велешкиот џудо клуб ,,Гемиџии,,.   Најмногу први места освои екипата на Миоки од Скопје, половина  шест од 12 категории., три за џудистите на пролетер од Прилеп,  два за Ипон од Скопје и една титула за Пелистер од Битола.  Велешките џудисти од ,,Гемиџии во состав:   до 81 кг Илија Андов и Виктор Китанов,  до 90 кг  Драган Милоскоски и до 100 кг  Игор Ангеловски. Тие не дојдоа до место  на подиумот, до медал. 

 

Можеме да се пофалиме дека ова е едно од помасовните сениорски државни првенства кои се имаат одржано во последните 2 -3 години, што покажува дека полека но сигурно џудото оди во нагорна линија со задржување на масовноста и кај сениорите - велат  од џудо федерацијата на Македонија.  Првнеството мина и со една сериозна повреда , на еден од џудистите му се случи изместување на рамото, па заврши во велешката болница.  

 

Постигнати резултати по категории:

Сениорки:.

 до 48 кг  АРБРЕША РЕЏЕПИ - ЏК “ИПОН” 

 до 52 кг НАТАЛИЈА ДИНОВА- ЏК “МИОКИ”

 до 57 кг БЕРНА ШЕРИФОВСКА - ЏК “МИОКИ”

 до 63 кг КАТЕРИНА НИКОЛОСКА - ЏК “МИОКИ”

до 70 кг АНГЕЛА ВЕЛКОВСКА -ЏК “МИОКИ”

Сениори: 

до 60 кг. НИКОЛА ВЕЛЕСКИ -ЏК “ПРОЛЕТЕР”

до 66 кг ВЛАДИМИР СТОЈАНОСКИ - ЏК “ПРОЛЕТЕР”

до 73 кг ДАНИЕЛ АНГЕЛОВ - ЏК “МИОКИ”

до  81 кг АЛЕКСАНДАР ФУЗЕВСКИ- ЏК. "МИОКИ"

до 90 кг ДИМИТРИЈОСКИ АЛЕКСАНДАР - ЏК “ПРОЛЕТЕР”

до 100 кг ЗЛАТКО КОЧЕВСКИ -  ЏК. "ПЕЛИСТЕР"

+100 кг ФИЛИП ЈОВЕСКИ - ЏК. "ИПОН"

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »