речник контакт

Евгени Поп Ацев повторно најдобар на велешкиот пливачки маратон (фото)

Учествуваа 60-на пливачи, што професионалци дел рекреативци

Петар Печков

Евгени Поп Ацев е победник на четвртиот  ,,Велешки пливачки маратон,, кој во неделата се пливаше на велешкото езеро ,,Младост,,.  

Тој патеката во  далечинско пливање  со должина од 10 км. ја исплива за  2:19:23 што е поспоро во однос на лани кога победи со резултат од  2:15:29 . Треба да  се знае дека Поп Ацев  годинава беше  единствениот учесник кој пливаше на 10 км, така што немаше конгруенција па затоа и резултатот е со послабо време.

Кај професионалците на 5 км. победи Филип Дерковски  1:13.31 во машка  а   кај девојките прва Миа Крстевска 1:14.36  .  На патеката  до 2,5 км победија Кристијан Стојановски  37: 30:62 и Јана Костадиновска 37: 26:28.  Кај аматерите кои пливаа 2,5 км победи Софија Јанева 46:34 и Марио Џунов 49:56.

Пливачкиот маратон го организираше Здружението на граѓани „Клуб 28“ од Велес и кајак клубовите од градот, финансиски  поддржан од Општина Велес.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »