речник контакт

Еве за колку пари се работи во Германски Дрекселмаер во Македонија

Таму се вработени повеќе од 200 велешани

Петар Печков

 По бранот на вработувања на многумина велешани во германски Дрекселмаер, лоцирана во близина на Кавадарци, прашањето беше кое е платата која тие ја добиваат. Се зборуваше дека е минимална но не беше и прецизирана.

Со огласите кои деновиве беа објавени , а каде мора да стои и платата и работното време, јасно е дека таа е навистина минимална, 8.100 денари. Освен ако не сте шофер, тогаш добивата 10 илјади. Згора на ова вработените од Велес добиваат  бесплатен превоз како и еден оброк додека се на работно место, за кое се бара распознавање на бои и вешти раце и прсти. 

Ваквите минимални плати се зачудувачки оти странските инвеститори и покрај субвенциите и поволностите што ги добиваат во земјава на работниците им исплаќаат ниски плати.

Но и покрај таквите минимални плати, велешани во голем број навалуваат на конкурсите и  тестовите  за прием за работа во Дрекселмаер.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »