Петар Печков
Објавено: сабота, 11 април 2015
Иако сме две седмици во пролетта, еве долгорочна прогноза какво време не очекува во наредните три месеци, до 22 јуни.
Според метеоролозите и анализите на accuweather Македонија со поширокото подрачје пролетва ќе биде под закани од поплави (како до сега да ги немавме зимава).
Што се однесува до температурите на Балканот се предвидуваат пониски од просечните. Или кратко, за Балканскиот Полуостров се прогнозираат потпросечни пролетни температури и натпросечни врнежи, со големи опасности од поплави.
И уште нешто.. Првичните анализи и прогнози за летото пак, покажуваат дека ќе биде многу потполо од минатогодишното, со можност дури да се достигне рекордот од 2007 година.
Доколку сакате да се уверите лично,можете на овој линк:
http://www.accuweather.com/en/weather-news/europe-spring-2015-outlook/42485034
Tweet |