речник контакт

Еден ден повеќе за одбојка (фото)

И Велес дел од Европскиот настан, се собраа ветераните на Борец од женската и машката екипа

Петар Печков

29-ти февруари беше ден за одбојка повеќе, кој го организираше ЦЕВ  Европската одбојкарска федерација. Во Велес, во салата на ОУ Блаже Конески стотина сегашни и поранешни одбојкари  го одбележаа овој настан.  Ова беше повод по десетина години повторно да се собере женската екипа на Борец која во 80-те беше најдобрата во Македонија.  

 Вечерва кога игравме, како да не сме излегле до салата, ништо не е сменето. Одбојката за нас  е дел животот, таа не направи луѓе. Последна година кога се натпреварувавме беше 1981-ва, досега неколку пати се имаме собрано во два три наврати. Игравме постојано во Македонската лига, бевме во врвот, секогаш први, но никогаш не влеговме во Прва лига - се присети  Пепита Стојанова - тогаш Павлова.  

На теренот се појави и машката  екипа, чии  играчи настапуваа и во првата Југословенска лига, но и потоа кога Борец во 90-тите имаше одлични резултати во Македонија  како и неколку помлади одбојкари, кои поради тоа што нема сениорски клуб, играат во други екипи во земјава.  

Одбојката ми го исполни животот, сопругата ми е одбојкарка, бев и тренер. Овој спорт ми го исполни животот. Разликата во овој спорт од кога ние  игравме и денес е огромна. Тогаш имаше организација, имавме спонзори, сега з а жал овој спорт како и да го нема а беше трофеен и собираше многу публика. Немаме квалитет, нема деца кои спортуваат. Во времето кога игравме, се настапуваше за љубов, другарство,, за едно шетање низ Југославија гостување во Полска- рече  Душко Анѓушев.

Тој играше на позиција универзалец и 20 години се бавел со одбојка од 1974 до 1994-та. За него најважен ден е влегувањето во тогашната Прва југословенска лига. 

Организцијата на настанот беше на поранешниот одбојкар Јованче Манасков. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »