речник контакт

Еден избор, две спротивни гледања

Неделниот круг за локалните избори за власта се демократски и фер, според опозицијата се гласало под притисок, закани и уцени

Петар Печков

Велес новиот градоначалник ќе го добие за  две седмици, на Благовец,  во изборот остануваат Аце Коцевски  од Сојузот за иднината и Славчо Чадиев од коалицијата За подобра Македонија.  На Коцевски му недостигаа 263 гласа за да победи во првиот круг.   Власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени ставови за  неделниот изборен ден. Едните се пофалија дека собрале најмногу гласови на листата за советници досега, а другите најмногу гласови за градоначалник  во сите овие години, на општинско ниво. Владеачката партија изрази задоволство и од постиганиот резултат и од текот на изборниот процес.   

Овие локални избори беа празник за демократијата. Велешани масовно, мирно и достоинствено излегоа на гласачките места и го направија својот избор. Во Велес победија демократските принципи, победија делата. Во Велес победија политиките на ВМРО-ДПМНЕ.  Во Велес победија Велешани. Со сета почит кој својот град и кон своите сограѓани сакам да изразам огромна благодарност за големата поддршка што ни беше дадена мене и на мојата политичка партија низ еден процес на мирни, фер коректни и достоинствени  избори. 15.110-те гласа, за мене како кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ претставуваат гласови за чесна и посветена работа. Овие гласови се гласови за новите дела, ова се гласови за 117те нови проекти за Велес. – рече Славчо Чадиев кандидат за градоначалник.

Опозицијата  смета дека се прекршени нормативите и дека се гласало под притисок, закани и уцени.

Освоените 16.163 гласови се фантастичен резултат, еден од најдобрите за опозициските кандидати во Македонија и најголем број на гласови што воопшто некогаш во Велес ги освоил некој кандидат на било какви избори. Овој резултат, со дадените 16.163 гласови за мене, е доказ за волјата и желбата на велешани да живеат во подобар поправеден и понапреден Велес. Оваа поддршка е знак дека граѓаните избраа докажани резултати и дека имаат доверба во сето она што во изминатите години како градоначалник сум го направил за Велес и велешани. Сепак, и покрај сите подмолни прекршувања на изборниот процес, граѓаните го избраа патот на вистината и правдата. Тоа што изборите поминаа навидум мирно, воопшто не значи дека изборите беа фер и демократски рече Аце Коцевски кандидат за градоначалник.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »