речник контакт

Еден нов случај со ковид-19 и четворица оздравени пациенти од велешко

Денес, петок во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се девет пациенти, двајца повеќе од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко  има само еден нови  случај со кoвид-19, оздравени се четворица пациенти.  По ова  бројката на активни падна  на 31 лице. Починати во велешко нема.

Денес, петок   во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени  се  девет   пациенти, два повеќе од вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани тројца  а на Интерно се шестмина   пациенти. Нема ниту  ново  примен  ниту  испишани.

„ По двајца пациенти се  потврдено позитивни и   непотврдени случаи, а  негативни се пет но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден   пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »