речник контакт

Еден од ново заболените од корона вирус итно префрлен на Клинички во Скопје

Четворица од заболените се од Шумско стопанство Бабуна и двајца се членови на потесното семејство од заболените

Петар Печков

Од ново заболените случаи на корона вирус во Велес, еден од пациентите поради влошената здравствена состојба попладнево итно беше  пренесен во Скопје,  на инфективно одделение. Другите двајца се во добра состојба.   Едната заболена  на нејзиниот ФБ профил објави дека е позитивна на тестот и дека е во изолација од 19 март. Иако инсистирала на земање брис се пожали дека и бил земен дури на 25 март. 

Имаме три ново откриени случаи во Велес, за кои попладневно јавноста беше информирана. Еден од нив поради влошената состојба итно е пренесен во Скопје - изјави директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес Тони Димитриев.  

Тој дополни дека се земаат брисеви на лицата кои биле во прва и втора линија на контакт со заболените, некои се земени и резултати се добиени а други се резултати од брисевите се чекаат. За здравствената состојба на сите шестмина заболени велешани од корона вирус, информираше д-р Весна Николовска Неделковска портпарол ан ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Од првите тројца пациенти, еден  беше пренесен во Скопје и неговата здравствена состојба е подобрена. Другите двајца се во добра и стабилна општа состојба и се на Инфективно одделение во велешката Болница.   Од ново заболените еден од пациентите има потешка клиничка слика и затоа е пренесен во Болница во Скопје. Вториот пациент е со полесна слика но и тој ќе биде хоспитализиран. Третата пациентка е во самоизолација, без симптоми - кажа д-р Николовска Неделкова. 

Четири  од шесте лица заболени со корна вирусот се вработени во ЈП Македонски шуми -работна единица Велес а двајца се членови на потесното семејство од  заболените.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »