речник контакт

Единаесет деца од велешко добија бесплатно апарат за мерење на шеќер во крвта

Апаратите ги обезбеди Здружението на лица со дијебетес „Шеќерче-Лилипоп“ од Велес со помош на Општина Велес, Општина Чашка и фабриката Ронтис

Петар Печков

Единаесет  деца до 17 годишна возраст  од велешко, болни од дијабет вчера добија  апарат  глукометар за мерење на шеќер во крвта,  со 100 ленти за мерење и 100 лаценти. Ова активност ја изведеа  Здружение на лица со дијебетес „Шеќерче-Лилипоп“ Велес. Станува збор за апарати од т.н. нова генерација, дигитализирани глукометри,  кои на најмладите заболени од дијабет ќе им го олеснат животот.

Овие  апарати се поврзуваат на мобилен на родител, податоците лесно можат да ги добијат и докторите, што е многу важно за децата со гликемија.   Практично , кога детето е на училиште, родителот не мора да биде на штрек, како е детето. Тоа само може да се боцне и податоците веднаш стигнуваат и до докторот и родителот. Се одлучивме да им доделиме на децата за да им го олесниме животот.  Понатаму ќе работиме да вакви апарати добијат лицата од социјално немоќни  и сиромашни  - рече Димче Велев претседател на  Здружение на лица со дијебетес „Шеќерче-Лилипоп“ Велес.

Најмладиот пациент кој  доби глукометар е дете на две годишна возраст од Горно Јаболчиште, кај кое пред два месеци била дијагностицирана гликемија.  

Акцијата за бесплатно доделување на  новите глукометри  за децата од Велес, Градско, Лозово и Чашка е  финансиски помогната од  Општина Велес,  Општина Чашка и фабриката за медицинска опрема РОНТИС.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »