речник контакт

Единаесет илегалци пронајдени на Автобуска во Велес

Сите се од Сирија

Петар Печков

Пладнево околу 14 часот на автобуската станица во Велес  полицијата приведе повеќе странски државјани.  Станува збор за млади луѓе до 30-тина години, сите со ранец на себе. Тие беа симнувани од автобусот на битолска Транскоп кој сообраќа на линијата Битола – Скопје. 

Веднаш по ова беа  собрани во полициско комбе и префрлени во полициска станица Велес. Според велешката полиција биле фатени 11 странски државјани, сите Сиријци кои  илегално минувале на територијата на Македонија. Иако претходно легитимирани како Палестинци, дополнителнаа полициска проверка констатирала дека се од Сирија.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »