речник контакт

Единица 731 , јапонска лабораторија на смртта во која загинале 600 илјади луѓе

Од тајната јапонска единица за време на Втората светска војна загинале над 600.000 луѓе, и тоа во средината на експериментите, кои се споредливи само со ужасните злосторства на нацистичкиот доктор Јозеф Менгеле

Петар Печков

Втората Светска Војна беше најкрвавиот конфликт во историјата на човештвото. Во тие години, се тврди дека животот го изгубиле над 60 милиони луѓе, што значи околу 3% од населението во светот, кое тогаш броело околу 2,3 милијарди луѓе.  Ако на тоа се додаде бројат околу 20 милиони мртви од глад и болести, како директен резултат на војната, бројот на жртвите би се зголемил за над 80 милиони луѓе.

Многу ретко се зборува за фактот дека, кога се зборува за жртвите од Втората светска војна, Кина изгубила околу 15 милиони луѓе. Најголем дел од нив (околу 11 милиони) умреле од глад и болести предизвикани од војната. Останатите биле убиени од страна на Јапонија во Втората Кинеско- Јапонска Војна, која траела од 1937 до 1945.

Од самиот почеток на војната во Кина дејствувал војничкиот оддел “Kwatung“ за спречување на епидемии и прочистување на вода". Јапонската единица била одговорна за некои од најголемите злосторства во историјата на човештвото. Во 1941 година, одделот станал познат како "Единица 731", каде во изопачените експерименти до крајот на војната биле убиени илјадници луѓе. 

Единицата била формирана со цел тестирање на биолошко и хемиско оружје, за преку војната да го прошири својот "бизнис". Единицата делувала во комплекс од шест квадратни километри, кој бил изграден во кинеската област “Pingfang“, односно Харбин, тогаш најголемиот град во државата Manchukuo.  Експериментите воглавно се вршеле врз несоодветното локално население, кои биле наречени "ковчези" со оглед на тоа дека локалните власти ја “продавале“ приказната дека големиот комплекс за експериментирање со луѓе, всушност била пилана.

Десетици илјади луѓе хирурзи вршеле ампутација на екстремитетите, обично без анестезија и без намера луѓето да преживеат. На овој начин тие биле во можност да ја набљудуваат загубата на крв, а отсечените екстремитети се користеле за шиење на некој друг дел од телото, со цел да се следи однесувањето на организмот. Таквите ампутации обично биле резервирани за кинеските комунисти кои Јапонците ги презирале.

Други, пак, се заразувале од разни болести, а потоа тие оперативно се отворале, со цел да се следи напредокот на болеста. Некои од нив ваделе и по цели органи, а тоа се одвивало “на живо“ без анестезија.

Затворениците ги замрзнувале екстремитетите, кои потоа биле одмрзнувани, со цел да се следи развојот на гангрена и гниење на  мртвото ткиво. Меѓу повеќето брутални методи, секако, можела да се врши и операција со која на луѓето им бил отстранет желудникот и хранопроводот што директно ги поврзувале цревата.

Во рамките на своите комплекси, на членовите на “Единицата 731 "затворениците им инјектирале различни болести, со објаснување дека им даваат вакцина. Тие беа заинтересирани за ефектите од сексуално преносливите болести, па затворениците биле заразени со сифилис и гонореја.  Во особено ранливите кинески области, Јапонците фрлале пакети со заразена храна и облека. Илјадници цивили умреле од антракс, чума и колера.

Откако голем број на затвореници биле заразени со сексуално преносливи болести со инјекција, Јапонците се одлучиле болеста да продолжи да се шири по "природен" начин, преку секс.  Сите оние кои не се согласувале на секс биле застрелани. Телата на инфицираните,  хируршки се "отворале" во различни фази на болеста, со цел да се набљудуваат внатрешните и надворешните органи и половите органи, а инфицираните жени често биле во толку лоша состојба што чуварите на смеа ги нарекувале “пецива полни со џем“.

Многу жени биле принудени да забременат, за да може да се следи преносот на болеста од мајката на детето, стапката на преживување на фетусот, како и штетното влијание на репродуктивните органи на мајката. Иако во комплексот "единицата 731" биле родени многу деца, ниедно од нив не излегло живо.

Со тортурата на бројни затвореници, “единицата 731“ работела на усовршување на биолошки бомби, со кои подоцна кинеското земјиште и водните извори биле отруени со антракс, чума, колера, дизентерија, тифус и други смртоносни болести. Покрај тоа, како што споменавме порано, цивилите им давале загадена храна и облека, на децата им се давале инфицирани слатки. На овој начин биле убиени околу 580.000 луѓе.

Јапонија била подготвена и за биолошки напад врз калифорнискиот град Сан Диего. Тоа требаше да се случи на 22 септември 1945 година, но Јапонија се предала пет недели порано, па нападот не се случил.

Сите оние кои учествувале во работата на "единицата 731" морале да ветат дека се што тие виделе и се што работеле “да го понесат со себе во гроб“. Кога се повлекле од Кина, Јапонците се обиделе да го уништат целиот комплекс, кој се состоел од 150 згради, но во тоа не биле успешни, затоа што целиот комплекс бил изграден исклучително квалитетно и цврсто.

Повеќето од нив никогаш не биле осудени, а јапонската Влада никогаш не се извинила за злосторствата во “единицата 731“, ниту на семејствата на жртвите им дозволила идентификација и соодветен погреб. Не ни имале потреба, бидејќи Американците и Советскиот Сојуз им излегле во пресрет.  За ужасните злосторства што се случиле таму, во јапонската јавност почнало да се зборува само во почетокот на 80-тите години на минатиот век.

Повеќето јапонски научници и војници кои учествувале во спроведувањето на експериментите, никогаш не биле осудени. Дванаесет од нив биле осудени од Советскиот Сојуз меѓу две и 25 години со тешка физичка работа во логорите во Сибир. Благодарение на документацијата која ја подигнале во комплексот на “единицата 731“, Советскиот Сојуз по војната во Свердловск, изградил фабрика за производство на биолошко оружје.

Сепак, повеќето документи и информации кои произлегуваат од ужасните експерименти дошле во рацете на Американците.  Не само тоа, тие потајно го обезбедиле имунитетот за многу научници во замена за информации и знаења стекнати преку активностите во рамките на “единицата 731“.

Кога во американската јавност се слушнале гласини за тоа, властите брзо почнале да го препишуваат тоа на "малициозната комунистичка пропаганда“. А ако нешто не и се допаднело на повоена Америка, тогаш тоа било етикета за комунистите.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »