речник контакт

Една година затвор за возач, откако во сообраќајка почина совозачот

Возел пребрзо и со автомобилот во тунелот Катланово удрил во камион пред нив, по што починала сопатничката

Петар Печков

Скопјанецот Тони Мицков (23 год) доби една година затвор за сообраќајка во која загина  сопатничка. Тој е прогласен за виновен во Основниот суд во Велес за кривичното дело  тешки дела против безбедноста на луѓето.

Мицков на  18 јуни  2012 година околу 23,30 часот  на автопатот Велес- Скопје со неговиот автомобил  „Ауди А2“  во тунелот кај Катланово, удрил  во задниот дел од камион  марка ,,фап фамос,,. Од ударот загинала сопатничката  С.А. (20 год)  од Колешино –струмичко.  Мицков  возел со брзина од 107 км/ч. што е за 27  повеќе од дозволеното. 

Започнал со престигнување на камионот во тунелот, но  поради не држење на потребната оддалеченост, со предниот од патничкото моторно возило директно удрил во задниот дел на товарното возило, по што изгубил контрола над возилото кое почнало да се врти на коловозот, удирајќи во заштитниот во заштитната ограда на  тунелот. 

Од ова С.А. која седела на со возачкото место се здобила со  тешки телесни повреди кои од што починала на лице место.

Тони Мицков, смета дека не е виновен и дека не го сторил кривичното дело за кое се обвинува, наведувајќи во своја одбрана дека причина за сообраќајната незгода е наглото кочење на камионот кој што се движел пред него, поради што немал  време да реагира и затоа удрил во него. Згора на тоа камионот  преминал на левата коловозна лената и му го пресекол патот, што било уште една дополнителна причина за да дојде до сообраќајната незгода.

Но доказите укажуваат дека немало нагло кочење од ТМВ ниту пак истото му го пресекло патот со нагло свртување во левo. Пресудата е правосилна.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »