речник контакт

Една година затвор за сообраќајката на велешани кај Ниш

Љупчо Теовски се спогодил со обвинителството и добил една година затвор

Петар Печков

Велешанецот Љупче Теовски доби една година затвор за сообраќајка која се случи близу Ниш, пред година и половина, во која имаше едно починато лице и две тешко повредени. 

Српското обвинителство го отстапило на велешкото а Теовски се товареше за ,,тешки дела против безбедноста на луѓето,,.  Обвинетиот се спогодил со обвинителството од Велес, висината на казната ја потврдило и повисокото обвинителство а ја верификувал судија во претходна постапка при Основен суд Велес.  

Основното јавно обвинителство Велес склучи Предлог- спогодба со пријавеното лице. Ваквата спогодба беше прифатена од Судот, по што беше донесена пресуда со која на лицето му беше изречена казна затвор во траење од една година- пишува во писмениот одговор од Јавното обвинителство. 

Сообраќајката се случи на 16 октомври 2017- та околу 18ч.  40 километри југоисточно од главниот град на Србија, во правец од Белград кон Ниш. Во сообраќајката почина Здравка Јованова Ристовска (27 год), нејзиниот сопруг Панче заедно со Цветанка  Теовска се здобиле со тешки повреди, додека возачот Љупче Теовски поминал неповреден. 

Четворицата биле во Белград и се враќале за Велес дома, кога автомобилот ауди А-6 на пет километри од излезот кон Умчари, излетал на автопатот возејќи со брзина од 10 км/ч. и завршил во блискиот ендек.   Обвинетиот возач Љупчо Теовски и сопругот на Здравка, Панче Ристовски биле први братучеди. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »