речник контакт

Една година затвор за Киро Камчев

Екс директорот на Киро Ќучук беше прогласен виновен за злоупотреба на службена должност

Петар Печков

Екс директорот на Киро Ќучук, Киро Камчев доби  една година затвор и треба да врати 66 илјади евра  долг на  доверителот. Тој беше прогласен за виновен во Основниот суд во Велес за злоупотреба на службената должност.  Според обвинението во периодот на 2009-тата и 2010-та циглите кои биле запленети поради долг од фирмата  Центар Б и Ј од Прилеп  биле продадени. Со ова прилепската фирма  била оштетена со 66 илјади евра. 

Поради долг Киро Ќучук како непарнично побарување требало да испорача на доверителот 204 илјада парчиња цигли а испорачал  53 илјади се додека извршителот кој го работело предметот бил жив. По неговата смрт испораката престанала а кога дошол новиот извршител цигли во кругот на фабриката за прилепската фирма немало. Останал долг од 151 илјада парчиња цигли.  Директорот на фабриката која   под негово водство заврши во стечај,  ја негира вина.

Не се чувствувам виновен, не сторив никакво кривично дело. Нема записник за попис, нема евидентирано цигли кои се запленети,  не се обележани дека  не смеат да се продаваат. Во последните 4-5 години кога фабриката падна во криза, имаше 30-тина такви случаи, но сите тие беа решени со  роба која беше  евидентирана и доверителите немаа проблеми – изјави Камчев.

Против него  изминатите години беа поднесени десетина кривични пријави за неговата работа како директор на фабриката а ова е прва осудителна пресуда. Таа не е правосилна.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »