Петар Печков
Објавено: вторник, 30 ноември 2021
Една седмица во велешко се намалува бројот на активни случaи со ковид-19. Ова откако и денес се регистирани повеќе оздравени, отколку ново заразени. Здравствениот билтен за изминатите 24 часа, објавен од Министерството за здравство покажува 14 оздравени и 10 нови заразени, или активни се 326 случаи.
Објавено е дека има и еден починат, кој досега не бил регистриран во Министерството за здравство, но за подолг период од 2-ри октомври до 27-ми ноември. Oва лице се лекувало во домашни услови. Институтот за јавно здравје во денес објавениот билтен објави дека досега во велешко има починати 259 лица, заклучно до 28-ми ноември.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница и претпладнево, како и вчера и завчера имаше 35 пациенти. Од нив 23 се позитивни потврдени со ПЦР тест, петмина се непотврдени и седуминна се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Примени се двајца нови пациенти. На континуирана кислородна поддршка се 16 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение згрижени се 17, во Модулaрна болница има 13 пациенти додека петминна се на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи.
| Tweet |




