речник контакт

Една турнеја, настапи во три држави (фото)

Фолклористите од КУД Коле Неделковски настапија во Унгарија, Австрија и Хрватска

Петар Печков

 Играорците од КУД Коле  Неделковски од Велес,  неодамна  беа на турнеја, при што посетија три држави.  Велешките фолклористи настапија во  Петрово Село –Унгарија,  продолжија во  Австрија и завршија со концерт во Сеново  -Словенија и тоа во периодот од 16 – 25 август. Во Унгарија настапиле во Szombathely, Sarvar, Szentpeterfe и  Zalaszentgrot. Во Словенија во Сеново а во Австрија во Moschendorf и Oberwart. 

Како и вообичаено на најдобар можен начин КУД Коле Неделковски го промовираше македонскиот фолклор и македонската песна. Со нашите настапи го привлековме вниманието на голем број телевизиски и печатени медиуми како од Унгарија,Хрватска и Австрија. Имавме интервју за Австриската телевизија ORD, Интервју  за хрватското радио CROATICA , интервју за  хрватско унгарски  весници. Сите присутни  беа воодушевени од нашите настапи и не ги штедеа аплаузите – велат од раководството на КУД Коле Неделковски.  

Тие настапија со ората  Копачија, Осоговка, Повардарие, Тресеница, Калајџиско, ора од Источна Македонија  а изведоа и стари македонски песни.  На ова турнеја учествуваа играроци на возраст од 9 до 18 години. Друштвото постои 38 години, формирано е 1 Септември 1978 година.  

ВО КУД Коле Неделковски членуваат повеќе од 150 играроци, од сите возрасти, во повеќе групи. Друштвото го негува македонскиот фолклор и има богат репертоар на народни песни и ора,  од сите делови на Македонија.

Како ансамбл  имаат  учествувано и настапувано на фестивали во: Романија, Шпанија, Словачка, Турција, Бугарија, Франција, Словенија, БиХ, Хрватска, Русија,м Холандија, Унгарија, Германија, Италија, Србија...

Оваа  година КУД Коле Неделковски беше  на фестивалите во Бига Турција од 25 - 29 јули и  во Свиштов Бугарија 2 – 6 август.  

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »