речник контакт

Едни создаваат, други уништуваат

Детските паркови неколку месеци по обновата, се со искршени реквизити

Петар Печков

 Точно четири месеци откако три забавни детски пакови беа обновени, тие денес се грда слика. Со уништени реквизити не служат за забава на најмладите, туку можат да бидат и опасни по децата. Фондацијата Фокус која заедно со општина Велес ги обнови, реагира на ниската совест на младата популација, кај која ја лоцира вината.

 Според нашите сознанија ова го прават помладите, некои дури и од соседството на парковите. Затоа апелирам до нивните родители да реагираат на ваквата постапка. Истото го барам и од минувачите и луѓето што тука седат, кога ќе видат дека се уништува, треба да ги посоветуваат - вели Весна Шкортова, извршен директор на Фондцијата Фокус.

На крајот од ноември  лани, три детски парка во Велес беа обновени. Денес тие се повторно уништени. Фондацијата Фокус планирала акцијата да ја обновува  нови детски забавни паркови и сега е во дилема каде да се продлжи со новите или постојниет повторно да се санираат. Велат не е проблем тоа да се стори уште денес, но проблем е како да се сочува!

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »