речник контакт

Едно дрво падна се исекоа други 34

На улица Лазо Осмаков ЈКП Дервен исече дрва, превентивно

Петар Печков

На улицата Лазо Осмаков, која води до Хигиенски деновиве интензивно се врши сеча  на постојните дрвја. Граѓаните  кои живеат во околните згради реагираат и бараат одговор, зошто е сечата.

Повеќе децениски борови се исекоа, за две недели, настрадаа  дрвја кои се засадени откако сме вселни во зградите.  Сега нема ниту сенка, ниту ладовина. Никој не не информира, не кажува зошто. И ако се  сече, ќе се садат ли  нови. Се оголе улицата за кратко време, дрвјата не штитеа од издувните гасови, оти оваа улица е мошне фрекфентна  - додаваат жителите  од улицата Лазо Осмаков.

Од ЈКП Дервен, кој управува со јавните површини  и градското зеленило, објаснуваат дека сечењето на дрјвата е првентивно.  Причина била откорнатото дрво на истата улица,  кое паднало при невреме на 7-ми март  годинава.  Дрвото било  високо  со плиток корен,   но за среќа по неговиот пад,  немало  повредени  и не била предизвикна материјална штета. 

По службена должност, согласно Одлуката за комунален ред,  Комисијата за проценка на состојбата на деградирани дрвја на територијата на Општина Велес, при ЈКП Дервен истиот ден изврши увид на јавната зелена површина на ул. Лазо Осмаков и притоа констатираше дека има потреба од отстранување на 30 зимзелени дрвја со премногу плитки корени и 4 листопадни дрвја, како и дека има потреба од кроење на крошните на 17 дрвја - изјавија од ЈКП Дервен.  

Мислењето на стручната  Комисија било донесено врз основа на фактот што дрвјата се во непосредна близина на станбените згради и сообраќајницата, со голема висина а плитки корени, видно навалени кон објектите на улицата. При неповолни временски услови се зголемувала нивната нестабилност и тие спаѓале во категорија на дрвја што претставуваат опасност по околината.

 

Освен тоа, дрвјата се стари, насадени од страна на станарите на околните згради без план и нестручно, на место каде нема доволно простор за нив, и од вид кој не се сади во градска средина - тоа се шумски, а не парковски дрвја - додаваат од ЈКП Дервен.  

Најавуваат дека  во иднина по  должина на  улицата може да се посадат дрвја, но од парковски тип и по претходен план. Пред осум  години, велешанец почина откако дрво му падна врз неговиот автомобил во движење, по што како обештетување локалните власти на семејството му платија 40 илјади евра.  Тоа беше по судска пресуда, за паричен надоместок ,,за претрпени душевни болки за смрт на блиско лице настанато по несреќен случај со смртни последици,,.  По ова стотици дрвја кои  беа опасност за безбедно одвивање на сообраќајот,  беа исечени покрај локалните патишта во велешко, исто така превентивно.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »