Петар Печков
Објавено: петок, 06 декември 2024
Во Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, со учениците од прво до четврто одделение полицијата спровела едукативна работилница на тема ,,Безбедност при одење и враќање од училиште“.
„Децата беа запознати со најосновните правила и прописи за нивна поголема безбедност во сообраќајот, но и со можните сообраќајните опасности и ризици на патот до училиштата и назад кон својот дом“ - соопштија од МВР.
Едукациајта била реализирана од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес
„Исто така, на учениците им било одржано и едукативно предавање на тема ,,Не за користење на пиротехнички средства “, при што преку наменска презентација им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства, како и законските прописи кои го санкционираат недозволеното користење на пиритехнички средства“ - додаваат од МВР.
Tweet |