речник контакт

Едукација за бруцелозата

Предавање за основците и на муслиманите од градот

Петар Печков

Членовите на секцијата за борба против туберкулоза и младите едукатори за превенција од туберкулоза,  ги  едуцираат  ранливи групи население и ученици од основните училишта во рамките на Програмата за здравствена заштита на Општина Велес.

Во текот на јануари и првата половина од февруари  одржани се шест работилници со ученици од седмо и осмо одделение во основните училишта „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, „Благој Кирков“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Блаже Конески“ и „Васил Главинов“. Во просториите на Црвен крст  д-р Анета Ковачки пнеумофтизиолог – претседател на секцијата за борба против туберкулозата во велешкиот Црвен крст, одржала едукативна сесија за превенција од туберкулоза за  слушатели со муслиманска вероисповед .

Тие биле информирани за карактерот, превенцијата и начин на бесплатното лекување од оваа болест а на присутните им биле поделени флаери со едукативна содржина. Едукацијата ќе продолжува во основните училишта во помалите населени места во Општината.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »