Петар Печков
Објавено: вторник, 17 декември 2024
Во Општинското основно училиште „Блаже Конески“ во Велес, беше одржана едукативна работилница со учениците од седмо одделение, на темите „Насилство во училиштата“, „Врсничко насилство“, „Сајбер Булинг“.
„На работилницата учениците беа запознаени со начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување“ – соопштија од МВР.
За потсетување токму во ова училиште, ученик од седмо одделение беше тешко повреден од соученик, по меѓуврсничко насилство. Истовремено се одржало предавање и на актуелна тема, штетноста од пиротехнички средства и петарди
„На учениците им беше одржано и едукативно предавање на тема ,,Не за користење на пиритехнички средства и петарди“, при што преку наменска презентација им беа преставени штетните последици од користењето на пиротехнички средста, како и опасностите по здравјето и безбедноста и законските прописи од недозволеното користење на пирoтехнички средства“ – дополнија од МВР.
Активноста е реализирана од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.
фото МВР
Tweet |