речник контакт

Езерото Јарбош, близу Велес

Има доста риба, но и патки и шатки. Редовни гости се рибарите и ловџиите

Петар Печков

Во близина на Велес, се наоѓа езерото Јарбош. Тоа е на патот Отовица – Сујаклари. Бидејќи е мало по површина и обраснато во трска, тешко е видливо од патот. Има површина од 2,3 хектари, длабоко до 2 метри.

Рибарите добро го познаваат бидејќи има богат рибен фонд, но ловџиите оти  има и патки и шатки. Дадено е на управување на Ловното друштво Руен.

Од него водата истекува во езеро Младост. Годинава поради поволната хидролошка состојба езерото има големо количество вода.

Тоа било создадено од страна на некогашен АК Лозар,  со иста цел како и езерото Младост, за наводнување на околните земјоделски површини.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »