речник контакт

Езерото Младост порибено со 150 кг крап

Овој пат беа пуштени поголеми парчиња крап. Затоа и казната ако се фати рибокрадец е повисока, 4 илјади денари плус кривична

Петар Печков

Откако минатата седмица реката Вардар низ Велес беше порибена со 450 кг крап, дојде ред и на велешкото езеро Младост и тоа да се пориби. ЗРС ,,Бабуна,,  како концесионер во водите пушти 150 кг млад крап, овој пат со поголема тежина, до половина кг.

Наша обврска е со добиената концесија, да ги порибуваме водите кои се под наше управување. Бидејќи дозволата ја добивме доцна, еве при крајот на годината го извршуваме првото порибување на езерото Младост. Иако тоа не беше предвидено со планот за работа, го сторивме  оти  тоа не е одамна порибено. Треба да се обнови рибниот фонд и тоа го правиме со крап ,бидејќи тој го има најмногу заедно со амур. Порибувањето е извршено од сопствени средства  -  рече Бранко Јанушев член на УО на ЗСР Бабуна.

Поради ова следните три месеци крапот е забрането да се лови и на езерото Младост, откако претходно истата забрана беше воведена и на реката Вардар. Поради големината на парчињата кои се пуштија во езеро Младост, казната ако се фати рибокрадец е четири илјади денари плус кривична за недозволено фаќање риба.  Во овие седум дена откако се пушти крап по Вардар, инспекциите  не  констатирале дека некои ловел нелегално, од овој тип на риба.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »