речник контакт

Езерото Подлес доби урбана опрема

Целта е локалитетот да биде место за одмор и рекреација

Петар Печков

Околината на езерото Подлес,  лоцирано на планината Клепа,  доби нова урбана опрема  со цел овој простор да добие нов  лик, како рекреативен  центар. Поставени се повеќе летниковци, информативни табли, маси, клупи, корпи за отпадоци, рекреативни патеки.  Тие треба да овозможат оваа вештачка акумулација да добие нови содржини и да биде атрактивна дестинација за одмор и рекреација.  

Во рамки на проектот се спроведе одбележување и уредување на излетничкото место, преку поставување на урбана опрема.Со промоцијата на локалитетот, цел ни е да  се привлечат бројните туристи кои минуваат тука, на трасата од и за Грција. Езерото ќе биде дел и од т.н. винска рута, проект за развој на Вардарскиот регион. Тоа е привлечна дестинација како за жителите на Градско, така и за соседните градови Кавадарци, Неготино, Велес - изјави градоначалничката на општина Градско, Жанета Чаушевска.  

Проектот на Вардарски Плански регион  е вреден 1,8 милиони денари, а финансиран од Министерството за локалана самоуправа и Бирото за регионален  развој. Вештачката акумулација Подлес е на 14 км од населбата Градско и до него в оди асфалтен пат.

 Езерото е изградено од некогашниот агрокомбинат Лозар, со цел наводнување на големите површини со овошки, жито и лозјата во овој дел од централна Македонија, кој важи за најсушен.    

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »