речник контакт

Екипата на Велес во футсал остана во Првата лига

Кој што сработи, овој спортски викенд. Ракометарите на пат кон бараж за Супер лига..Привршува Третата лига Југ, Бабуна пред излегување

Петар Печков

Одигрувајќи нерешено со високи 10:10, против екипата на СЕЕУ од Тетово, екипата на Велес останаа во Првата футсал лига. Токму бод им беше потребен на велешани и до година да бидат дел од елитното друштво. Тие натпреварувањето го завршија на 8-то место со 27 бодови, еден повеќе од претпоследниот Мал Ајакс, кој ќе игра разигрување за опстанок.    

Ракометарите на ГРК  Борец на  гостувањето во Битола победија со 25:32. Со оваа победа се зацврстија на  втората позиција која ги носи во разигрување за влез во Супер лигата. Заостанатиот натпревар против Ринија ќе го играат в среда во Скопје.  

 Кошаркарите на Борец Баскет во заостанатиот натпревар од претпоследното коло  со Шкупи се поразени во Скопје со 95:88. 

Во Третата фудбалска  лига Југ се одигра претпоследното коло. Борец 1919 на домашен терен со минимални 1:0 славеше против  11-ти Октомври кој се  бори за  опстанок.  Превалец загуби во Прилеп од лидерот Победа со 2:0  и останата трет а Бабуна од второпласираниот Вардар во Неготино со 3:0. Така екипата од Мартолци се   најде на претпоследното место и е најсериозен  кандидат за  излегување од  оваа конкуренција. Освен што во следното  коло дома,  ќе треба да  го победи новиот првак  Победа од  Прилеп,  која  има  само еден пораз  од 21 натпревар, ќе им  требаат и резултати  од противниците кои  се во нивна  корист. Порази на 11 Октомври, Црвена Ѕвезда, Дојранско езеро дома и на Млекар на  гостувањето во Велес против  Превалец. Борец 1919  кој остана петти со 28 бода,  гостува на Дојранско езеро во  Дојран.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »