речник контакт

Екоинцидент во Велес

Сметот од трактор на ЈКП „Дервен“ вчера заврши во реката Вардар во центарот на Велес во близина на мостот Гемиџии. Сведоци на овој екоинцидент, кој се случува еден ден по Денот на екологијата, биле членови на велешките невладини организации.

Аница Солева

Тие се изненадиле кога возилото со регистарски таблички ВЕ 767-БР на Јавното претпријатие дошло до зградата на Центарот за поддршка на невладините организации и ја испразнило приколката со смет и дотраен мебел. - Околу 11.30 часот тројца вработени од „Дервен“ собраниот смет од улиците Благој Абрашев и Скопска го исфрлија во Вардар на очиглед на нас присутните од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, еколошката групација „Зелена сила“, вработените од Центарот и од Здружението за заштита на птиците „Рубино“. Тука беа присутни и дел од новинарите од градот. На нашето прашање дали знаат што работат, тие одговорија дека се тоа ќе заврши во Солун и непотребно ја драматизираме ситуацијата - вели извидникот Зоран Пановски, очевидец на настанот. Велешките невладини организации го осудуваат скандалозниот и примитивен однос на „Дервен“. За настанот биле известени и раководството на претпријатието и комуналниот инспектор на Велес, кои најавија дека ќе го испитаат случајот. (П.П.) Извор: [url=dnevnik.com.mk]Дневник[/url]

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »