речник контакт

Екологистите- животните не се виновни што се на улица

Се повеќе реакции за труењето на животните низ градот. Расте притисокот врз надлежните. И екологисите од Вила Зора бараат да ги откријат сторителите.

Петар Печков

Во текот на изминативе денови до Еколошкото Друштво  Вила Зора и Зелениот сервис за граѓаните,  пристигнале поголем број реакции од  сограѓани,  поради појавата на масовно труење на животни по улиците и парковите во Велес.

Поради тоа тие апелираат надлежните да преземат мерки за откривање на сторителите, а ваквиот неразумен гест бараат веднаш да прекине. Воедно и искажуваат револт од фрлањето на отров по дворовите од училиштата.

ЕД Вила Зора во минатото повеќепати апелираше  до надлежните институции за потребата од згрижување на кучињата скитници, кои немаат свое живеалиште и за кои уште пред неколку години беше ветено правење собирен центар, од кој за жал досега нема ништо?! Апелираме до граѓаните да не ги трујат животните-скитници, затоа што тие не се криви што се оставени на улица, туку одговорноста е на луѓето кои ги оставиле и на институциите кои не ги згрижиле. Јавно искажуваме револт против фрлањето на отров во дворовите на училиштата, каде секојдневно поминуваат стотици деца - велат од ЕД  Вила Зора Оваа еколошка органзиација предупредува,  за да не дојде до уште понемили сцени,  ВЕДНАШ да се ПРЕКИНЕ  оставањето отров на јавните површини!!!

 Ги повиквуаат граѓаните, доколку  забележат дека некој остава храна на јавни површини, ВЕДНАШ да го пријави во полиција или во Зелениот сервис за граѓаните  на ЕД Вилза Зора!!!

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »