речник контакт

Екс заштитениот сведок Бреза доби половина година затвор за лажно сведочење

Од затвор се излегува, од гроб не, така ја пречека пресудата Арсовски

Петар Печков

Златко Арсовски, познат како поранешниот заштитен сведок во процесот ,,убиството во  Ореше,, доби шест месеци затвор за лажно сведочење. Тој беше прогласен за виновен, во Основниот суд во Велес,  затоа што  во различни претреси давал  различни изјави.  Арсовски пресудата ја пречека со зборовите ,,Од затвор се излегува, од гроб не,,.                        

Обвинетиот дава различни изјави како сведок  и како заштитен сведок. Што и кого штити, тој знае - изјави обвинителката Славица Темелковски во завршниот збор.

На Арсовски му се судеше оти дал лажен исказ   како сведок  во  судскиот процес  убиството во село Ореше.

 Првично, по негово кажување, како заштитен сведок Бреза,  на овластени  службени лица им кажал каде  е рамка од пушка  која му била посочена во телефонски разговор  со Ѓоре Петровски од САД, каде е  фрлен предметот. Тогаш била посочена  провалија близу селото, по што  по неговотото кажување е најдена во фаза  на корозија.

Во сведочењето на  судот на  5-ти февруари 2013-та  неговиот исказ беше целосно изменет,  велејќи дека не е точно дека Ѓоре му се   јавувал, му давал инструкции каде е рамката, каде е пушката со кој треба да се  пука.  Бранителот на обвинетиот Арсовски најави жалба на пресудата, а тој се пушта од притвор. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »