речник контакт

Ем доброволци, ем бегаат од војска

Условни затворски казни за двајца доброволци кои побегнале од армијата

Петар Печков

Во две одвоени судења, двајца доброволци на АРМ добија условни затворски казни, оти  избегале од војска.    Аријанит Незири ( 23 год) од кумановско Липково и   арачиновецот Вулнет Неби (28 год) беа прогласени за виновни во Основниот суд во Велес  за   кривично дело самоволно оддалечување и бегство од вооружените сили.

Неби на 6 мај  2012 година во 21.30 часот, како војник на доброволно отслужување на воен рок во касарната во Велес, не се вратил во единицата  откако два дена претходно  бил пуштен на користење на викенд отсуство, со што самоволно се оддалечил од единицата За ова  Вулнет Неби доби  условна казна затвор во траење од 6 месеци доколку во следните од 2  години не стори ново кривично дело. 

Аријант Незири бил војник во истата априлска  класа војници  со Неби,  кога заминал на  викенд отсуство на 27 јуни 2012 година, а не се вратил во рокот што го добил. Додека бил во армијата бил некомуникативен,  делувал исплашено и повлечено, а по добиениот викенд отсуство не се вратил во армијата. И тој доби иста условна казна, шест месеци затвор, ако во следните две години стори било какво друго кривично дело.

И двете лица се судени во отсуство, не се достапни.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »