речник контакт

Есенска прошетка до Ораовец

Асфалтирањето на последните два километри, на патот до селото, за кратко време вратија неколку семејства во ова велешко село. Создадено за прошетка и одмор

Петар Печков

Сончевите зраци, кој овој октомври невообичаено топло печат беа изговор да се излезе од дома и замине некаде. Каде да се отиде  а да се види нешто ново и интересно, пријатно за поширокиот круг од семејството. Блиску до Велес,  не така далеку да не биде веќе видено. И правец  до селото Ораовец.

Најавата дека е завршено асфалтирањето на последните два километри од патот, беа добра можност ова да се провери во пракса, но и да се види селото за кое постојано раскажувам на луѓето околу мене, дека е прекрасно и топло го препорачувам за прошетка. Од пролет до есен, тука е создадено за краток одмор. Така и бидна, времето покажуваше дека од Велес до него се стигнува за преку сила лесно возење 20 минути, километражникот 17 км. далечина. Стигнавме сред село, долу кај чешмата.

Првите впечатоци на моите  одлични. Близу до нас видовме брачен пар, што би рекле велешани во години, како го расчистуваат теренот. Тоа беше Љупчо Здравевски. Кој решил да дојде и живее во Ораовец.

Имам здравствени проблеми со срцето. Во Велес не можам да дишам а овде видете, јас и работам. Толку е различна климата а таа е блиску до градот. Го купивме местово неодамна, заедно со синот. И тој вели ќе дојде да живее. Од гужвите во градот на сите ни е преку глава. Овде има и воздух, и вода, се е пријатно, убаво.  Полека, полека ќе ја направиме куќата па здрвје од пролет тука да дојдеме – вели Љупчо.

Тука до него е неговата сопруга која несебично помага.   Фамилијарната прошетка низ село продолжува. Стигнавме до куќата на Петре Атанасов од каде се слуша гласот на спикерот на радио Скопје и пладневните вести. Радиото е гласно пуштено, има  и музика, за забава додека домаќинот работи. И тој гради куќа

Добар е животот, еве патот го направија. Планирам да дојдам тука да живеам. Ни недостига сега уште продавница. Сега сме 40-тина луѓе. Има чист воздух, еве има и деца во селото, се слуша детски жагор.Ораовец е убаво ској дел до годината – вели Петре.

Иако во поголемиот дел од велешко дрвајта пожолтеа, овде сеутше беа зелени. Ако во градот со месеци нема капка паднато во Ораовец водата блика од сите страни. Извори, селска чешм,а, езерце. Мириса и на јод, овој период кога оревите паѓаат по земја, и со секој чекор се слуша крцкањето на лушпата. А нема и кој да ви замери ако соберете од оревите од земја, луѓето се питоми. Таква е и тетка Ленче Здравевска, старата приајтелка од времето не Радио Велес. 

Моето фамилијарното доаѓање таа го почувстува, малку автомобили доаѓаат во селото, па се изгрнавме, оти одамна се немавме видено. И не покани на гости. Време за гослук немавме, но затоа тетка Ленче не испрати со домашни розови патлиџани, капини, ореви, јаболка. Природно и здраво.

Ќе отидеме до Велес со батко Тале, сопругот, за кратко да завршиме некоја работа и пак назад. Убаво ни е овде. Само немаме компјутери, да се гледам и слушам со внучето, снаата иа синот. Тие се во Финска. Кога таа доѓаа на гости, седиме овде во Оравоец. Толку многу и се бендисува. Патот го направија ќе се врати животот во селото. Ако школото го дадат на некого за дом, одмаралиште, ќе биде одлично. На времето тука ги носеле децата од Велес на воздушна бања, не во Јасеново. Ако се направи тоа, ќе се препороди Ораовец – вели Ленче.

Освен луѓето  и кучињата во селото се питоми. Додека траше нашата прошетка  до гробовите на Алабакот и Милан Арсов Гемиџијата, и едно селско куче ни правеше друштво, постојано беше со нас, ниту залаа, ниту се закани. Напротив се радуваше на нас.Од селото прекрасен поглед кон пошироката велешка околија, поглед кој плени и одмара.  Чудна ли е природава во Ораовец, што на таква височина од 500-600 метри и толку ореви, се нашле и повеќе  дрвја на маслинки. А дека животот се враќа во селото зборува што дури кај две семејства има бебиња, тоа ги радува сите. Селото нема да измуре.

На заминување, потсетување до изведувачот дека мештаните чекаат да бидат поствени испустите за вода, под патот, да не се слулчи тој да има краток век на траење и користење од порониците. Да се изгради целосно, потсетуваат. За да можат оревите, компирот, чушките, патлиџанот навреме да стигнува до велешкиот пазар, каде се барани оти се пиродно чисти и квалитетни.

 И да не ја заборвам епизодата која мајка ми постојано ме потсетува. Дека во Ораовец многу велешки семејства нашле засолниште на 7-ми април 194-та, при бомбардирањето на Велес. Еден од најжестоките  авионски напади бил токму на Мегдан. И жителите од овој дел на градот, како што објаснува мајка ми, таа  со четири години, вујко ми пет месечно бебе  преку рид, дедо ми  заедно со многу велешани се спасиле токму во ова село. Тука живееле  неколку дена, избегале во селото Ораовец

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »