речник контакт

Етно вешта жена со неверојатни креации (фото)

Собраните средства од наддавањето за децата со посебни потреби

Петар Печков

Вчеравечер од Велес тргна годинешната  републичка манифестација Етно вешта жена. На трпезата од ресторанот Глориус беа поставени домашни изработки од жените од градот, кои подготвија слатка и солена храна, по рецептите на нивните мајки и баби.  Посебно внимание привлекоа неколку  торти.

Едната од Вера Танчева ,,Народна носија на младоженец, која таа ја подготвила како касато торта. За неа требало еден час, додека за  украсување и фондан еден ден.  За облеката на игроорецот Вера користела сукани мафини.

 Елизабета Ѓоргиева пак подготви ќумбе на кое се подготвува зимница. Ќумбето беше толку верно, што имаше поставени и светилки како оган да гори. Врз него се печеа црвени пиперки и модри патлиџани дури и дрвата за оган, беа од торта.  

Сега е време на подготвување на зимница, па затоа  изработив ваква торта. Ми требаше цели два дена. Тоа  е торта со лешници со посебно подготвен фондан - објаснува  популарната Бети.  

Идејата на годинешнава манифестација е  учесничките да потсетат на малку подзаборавените јадења.  Ова е десетта, јубилејна  година од Етно вешта жена. 

Од секој од 15-те града каде ќе настапиме, ќе избереме по пет јадења,кои потоа ќе ги објавиме во заедничка брошура со стари традиционални рецепти.   Собраните средства од јавната продажба на подготвената храна се за хуманитарна цел. Во секој град ќе ги подариме на децата со посебни потреби. Истите ќе ги искористиме на нивниот Светски ден на 3-ти декември, кога ќе ги пречекаме и заедно ќе се забавуваме - рече Снежана Стојановска  претседател на здружението Вешта жена.  

 Во Велес на Етно вешта жена од продажбата на храната се собраа 10,8 илјади денари. Најскапо се продаде тортата ќумбето за ајвар за 1,3 илјади денари.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »