речник контакт

Ефремов замина за Лондон со општинското знаме

Градоначалникот во името на сите велешани на Ефремов му посака добра трка, добро време и усепшен настап. Му даде чек како материјална и финансиска поддршка но и општинското знаме за да се вее во олимпиското село

Петар Печков

Градоначалникот на Велес Горан Петров во името на сограѓаните  го испрати атлетичарот Кристијан Ефремов на Олимпијадата во Лондон, посакувајќи му добара трка, време и успешен настап. Ефремов е дел до скромната четири члена македонска селекција која утре заминува на светскиот спортски самит.

 Овој твој настап, прв на еден велешанец на Олимпијадата е значен за градот, бидејќи тоа ќе биде стимул за младите за спортуваат. Ова е доказ дека секој спортист може да се надева дека еден ден ќе учествува на најголемата спортска манифестација на светот. Ти ќе се натпреваруваш во кралицата на спортовите атлетиката, која за жал во земјава е запоставена.  Јас би бил пресреќен ако  се надминеш себеси и го срушиш твојот личен рекорд – порача Горан Петров градоначалник на Велес.

Тој на Ефремов му подари чек како финансиска и материјална поддршка за учеството во Лондон, но и општинското знаме за да се знае од каде доаѓа. Тој последен ќе настапи од македонските натпреварувачи на Олимпијадата, на 4-ти август во 11,30 часот претпладне во квалификациите на 400 метри. На тој начин му се оствари сонот , кога во 2004-тата ја следел на телевизија Олимпијадата во Атина и цврсто решил да се бави соа атлетика и еден ден тој да учествува на оваа манифестација.

 Ќе дадам се од себе да истрчан најдобро мое време. Се надевам дека како олимписки кандидат ќе обезбедам учество за четири години во Рио Де Женеиро рече Ефремов.  Тој не е ниту стипендист на Агенцијата за млади и спорт ниту беше на листата  на МОК од десет потенцијали учесници на Олимпијадата во Лондон.   Од МОК најавиле дека во Лондон ќе купат спринтерки за Ефремов, бидејќи двата пара што ги има се искинати.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »