речник контакт

Желба на Спасиќ да учествува на Олимпијадата во Рио

Кои се плановите на најдобриот спортист на Велес за оваа 2015 година

Петар Печков

Љубомир Спасиќ изминатата 2014 година учествуваше на ЕП во Виена и на СП кајак спуст во Италија. Неговите планови за 2015-тата се поврзани за година подоцна за Олимпијадата во Бразил во Рио.

 Еден од моите сништа беше да бидам спортист на Велес, што ми се оствари. Следна работа што силно ја посакувам е учество во Рио, со ,,А,,  олимписка норма преку Европско првенство во Словенија и Велес да има претставник на светскиот самит на спортистите - вели  кајакарот Спасиќ.  

На Олимпијадата во Лондон 2012 за прв пат имаше еден велешанец учесник, атлетичарот Кристијан Ефремов а за Рио на списокот потенцијални учесници од Македонија е пливачката Анастасија Богдановски, која живее и тренира во САД, која има велешко потекло.  

 За признанието спортист на Велес за 2014-та, Спасиќ вели дека е голема обврска и чест.

 Со многу труд, напор, тренинзи стигнав до ова признание.  За мене тоа е голема чест. Тоа е голем мотив за следните натпревари но и за младите кајакари. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »