речник контакт

Железница го расчистува одронот, за патот се бара решение (фото и видео)

Се внимава од можните последици при отстранување на карпите, од предизвикување на нови одрони

Петар Печков

 

Од  Општина Велес уведруваат дека ги прави сите напори за изнаоѓање на што побрзо и соодветно решение за случајот со одронот на карпи во близина на Долни Дуќани. Денес како можно решение се споменуваше минирање, но потоа истото беше откажано и се  најавува дека ќе се работи со механизација.  Големината на карпите кои се одронија вчера наутро, како и можните последици при детонацијата го усложнува процесот на отстранување.   

Општина Велес испрати допис до Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. И двете институции одговорија писмено, при што посочија дека немаат капацитети и можности за отстранување на карпи – одрони со овие димензии и не упатија до Градежниот факултет – во кабинетот по геомеханика и во Централата на Дирекцијата за заштита и спасување во Скопје. Општина Велес испрати писмен допис до овие институции од каде чекаме одговор,  како најсоодветно да се постапи, при тоа водејки сметка за можните последици при отстранување на карпите, односно предизвикување на нови одрони - велат од Општина Велес. 

 За тоа време вработени  од Македонски железници -Инфраструктура работат на отстранување на карпите на пругата. Нивните стручни лица се на терен и очекуваат дека до утре железничката пруга  да биде расчистена и проодна, а возовите повторно да сообраќаат. Засега возовите до Гевгелија сообраќаат, со тоа што патниците од Велес до Градско и обратно се превезуваат со автобуси.  

Делницата од регионалниот пат Велес – Градско е забранета за сообраќај се додека на исчисти одронот и не се создадат услови на нормално движење на моторните возила. Најмногу штета трпи товарниот железнички сообраќај, бидејќи возовите стојат  а со тоа се плаќаат и пенали, парични казни заради задоцнувањето. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »