речник контакт

Железничка несреќа, Зелениково - Велес

Метеж, гужва и нервоза кај патниците, застој на патничкиот а прекин на товарниот железнички сообраќај предизвика железничката сообраќајна незгода кој се случи во неделата вечер.

Петар Печков

Метеж, гужва и нервоза кај патниците, застој на патничкиот а прекин  на товарниот железнички сообраќај предизвика  железничката сообраќајна незгода кој се случи во неделата вечер. Тогаш нешто по 18 часот, на релацијата Зелениково - Кадина река, кај тунелот излетал од пругата товарен воз. Според ЈП Македонски Железници излетале седум  празни вагони од товарен воз кој од Трубарево тргнал за Солун, да превземе стока за македонска фирма. Екипите на МЖ се на терен и сеуште ја истражуваат причината за несреќата, во која нема повредени но направена е значителна материјална штета, поради истумбаните вагони, но и уништената инфраструктира покрај пругата, електричните столбови и инсталација. Дали причина е пребрзото возење, дефорамација кај шините поради високата темпеатура или нешто трето ќе покаже истрагата.

Истражната екипа на МЖ работи на утврдување на причините за несреќата и засега не можеме да посочиме како дошло до неа. Вагоните кои се превртеле биле во задниот дел од композицијата. Има материјална штета која сеуште се утврдува. Очекуваме дека до вечер ,понеделник, ќе го оспособиме патниот правец Велес –Скопје за сообраќај, по што истиот ќе се нормализира – велат од ЈП Македонски Железници.  Поради ова товарниот железнички сообраќај е во прекин. Доколку тој потрае и вторник шпедитерите предупредуваат дека   тоа ќе го почувствуваат македонските фирми. На железничките станици од Куманово до Гевгелија има десетина товрани вагони со кокс, руда, метал репероматеријал за големите фирми на кој треба да им се испорача. Заедно со нив на чекање и бројни композиции на странски фирми, кои носат роба од и за Солунското пристаниште. За нив МЖ ќе плати скапи пенали поради доцнењето.Ова е причина нејзините екипи да работа засилено на оспобување на пругата. И додека товарниот сообраќај е во прекин, патничкиот се одвива со потешкотии. Во неделата вечер, кога се случи несреќата, беа ангажирани 12 автобуси кои ги превезуваа патниците од Скопје  до Велес и обратно. На железничката станица во Велес беше голема гужва бидејќи повеќе од шестотини патници, меѓу нив и бројни странци, требаше да се згрижат и  превезат. Тука беа меѓународниот воз од Солун за Белград, патничките возови од Кочани и Битола. Бројни деца со нивните родители нервозно чекаат да бидат превземени да отпатуваат дома.

Како повторно да се возам со воз, кога два часа сме тука и никако да тргнеме за Скопје. Децава не знаат за неможе, тие сакаат да си одиме а не знаеме како и кога – вели еден од родителите на неколкумесечно бебе. Други нервозни што не стигнале дома за да го следат финалето на ЕП во фудбал. Во гужвата со префрлањето дел од патниците го заборавиле багажот во автобусите, па бараа чаре. Околу полноќ последниот патник ја напушти железничката станица во Велес, кога со четири часовно задоцнување тргна возот кон Битола, чии патници дома стигнаа наутро. Понеделник утро и претпладне околу 500 патници од Велес, вработени во Скопје, кои имаат месечни билети беа информирани дека железнички превоз нема да има, додека во правецот кон Кочани, Гевгелија и Битола возовите од Велес тргнаа навреме но со мал број патници.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »