речник контакт

Железничка несреќа со среќен крај кај Ногаевци

Воз удри во автомобил „хонда акорд“ вчера попладне кај село Ногаевци на железничката пруга Велес - Градско,возачот преживеа.

Петар Печков


До несреќата дошло кога скопјанецот минал преку преминот иако во тој момент светлосниот сигнал покажувал дека доаѓа воз, по што бил удрен во задниот дел од автомобилот. Тој бил влечен 20-тина метри но за среќа возачот кој бил сам во автомобилот, останал жив.

Во несреќата  е потешко повреден возачот на автомобилот - 44-годишниот Драган Михајловски од велешкото село Дурфулија, кој живее во Скопје. Од ударот тој добил тешки повреди по целото тело.

На местото на несреќата пристигнала брза помош и велешката полиција. Повредениот бил  итно пренесен на хируршкото одделение на велешката болница,  каде што му е укажана  прва помош, реанимиран е и, според лекарите, е вон животна опасност.

Има  повреда на главата, нагмечување на градниот кош и скршеници на шесто, седмо и осмо ребро од левата страна на градниот кош - изјави д-р Филип Тодоровски, кој го примил повредениот на хируршкото одделение во велешката болница. 

Екипа на СВР Велес ја утврдува причината за несреќата. Поради несреќата во прекин беше железничкиот сообраќај на релацијата Скопје – Гевгелија во траење од 2,5 часа.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »