речник контакт

Железничкиот патнички сообраќај со редуциран возен ред, поради полицискиот час

Времено се укинати повеќето од утринските и вечерните патнички возови Македонски железници АД Транспорт излезе со нов времен, возен ред, кој започна да се применува од денес, понеделник.

Петар Печков

Укинати се утринските возови и дел од попладневните и вечерните. Во краткото соопштение од МЖ Транспорт причината ја посочуваат во воведениот полициски час.

Воведувањето на забраната за движење на граѓаните во ноќните часови, што ќе трае од 21 до 06 часот, предизвика промени во железничкиот возен ред. Во согласност со новите мерки кои стапија во сила, Железници  Транспорт АД-СКОПЈЕ го планираат возниот персонал и возните средства - пишува во писменото соопштение. 

МЖ Транспорт  минатата седмица соопштија дека се бележи намалување патниците, по прогласувањето  вонредната состојба поради корона вирусот.   Ако  со воз  дневно во истиот период лани патувале во просек околу 1.750 лица, бројката на патници кои  деновиве патуваат  со  воз е 480.

Утринските возови  кои поаѓаа од Кочани во 5,26 ч.  од Гевгелија во 4,23 ч.   од Табановце 3,57 ч.  од Велес  5.03 ч.  кон Скопје  се укинати. Укинати се и попладневниот  воз од  Скопје за Битола кој возеше до Велес со поаѓање во 14,30ч. за  Гевгелија  во 16,55ч , вечерниот од Скопје за Велес  во 22,40ч. од Скопје за Табановци во 20ч. и од Табановце за Скопје во 21,21ч. 

Возот од Скопје за Кочани  во 15,24 ч. ќе сообраќа само до Велес.  

Има  поместувања на поаѓањата на возовите  од Скопје за Велес наместо во 20,05 тргнува во 19,15 ч, утринскиот од  Кичево за Скопје  наместо во  5,30 тргнува во 6,30 ч. Прв од Велес за Скопје утрински  е 6,45 ч. а  нов   од Велес за Скопје има  во 16,50.  

Поради одронот на камења на пругата кон Битола, кај железничка станица Стари Град, кој се случи минатиот понеделник, и натаму   во прекин е сообраќајот од и за Битола, дел од возовите сообраќаат до Велес. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »