речник контакт

Железничкиот премин во Превалец ја зема првата жртва

Превалчани револтирани од отсуство на рампа на преминот во населбата

Петар Печков

Железничкиот премин во населбата Превалец крај Велес ја зема првата жртва, откако тој е без рампа. Старецот  Атанас Димовски ( 73 год) по седум дена им подлегна на повредите на главата здобиени од ударот на патничкиот воз.  Ова ги крена на нозе и разлути жителите на приградската населба. Тие се луги и бараат од Македонски Железници да ги врати рампите, кои пред половина година ги отстранија од  пругата Велес – Битола.

Реагиравме уште кога рампите ги вадеа ама кој нас не слуша. Требаше да дојде до вакво несреќен настан, па да се уверат дека ова место е лошо. Тука не може  без рампи. Непрегледно е, возот излегува од кривина доаѓа од тунел, не се гледа.  Рампите, нека бидат и електронски треба под итно да се вратат – вели Никола Димовски жител на населбата.

Ова е втора потешка сообраќајна несреќа на преминот. Првата беше на ден пред истекот на мината година, кога на 30-ти декември возот удри во југо. Среќна околност е што шоферот тогаш спасувал жива глава скокајќи од автомобилот, кој заглавил на пругата. Моторот на југото изгасил, па возачот неколку секунди пред  да наиде возот, избегал од заглавениот  автомобил на пругата. 

Преку овој премин, минуваат илјадници возила кон Извор, Чашка, Богомила, Горно Оризари, Јаболчишта. Тука секојдневно патуваат деца  на училиште за Велес. Ова не смее да се дозволи. После овие две несреќи, јас да стравувам дали тие ќе стигнат  дома живи. Железница нека постави рампи, тие се поевтини од било кој човечки живот  - вели Енис Ајдарпашиќ жител на соседното село Горно Оризари кое брои три илјади жители. 

ЈП Македонски железници инфраструктура при крајот на минатата година ги повлекоа вработените од овој премин, ја отстранија рампата и поставија електронска сигнализација, која светка и свири на 45 секунди пред да дојде возот. Но ова не е доволно за жителите на овој дел од велешкиот регион, кој покрива голема територија и бројно население.

Има многу случаи кога сигнализацијата не работи, тоа се случува кога е врнежливо.  А возот минува. Слично е и со  трите други премини кај Пашин мост, над Тополка и кај Порцеланка. Лоша прегледност, рампи нема, сигнализацијата не е сигурна. Се случувало да чекаме и по пет минути, тие да работат а воз да не мине – вели сосед на преминот во Превалец и сведок на инцидентот од пред седум дена. 

Тој се случи поради невнимателност на старецот, кој иако имало колона возила а по сигнализацијата  дека ќе мине воз  чекале, настраданиот  решил да премине. Возот го удрил а поради сериозната  на повреди на главата седум дена беше на Клинички во Скопје, каде им подлегна на повредите.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »