речник контакт

Железничките рампи во Велес не функционираат

Безбедносните рампи на железничките премини во Велес не работат од утрово

Петар Печков

Трите електронски безбедносни рампи на мостот Гемиџии, кај преминот за Дворови и кај преминот за Економска, денес се вон функција. Од 9 часот не се спуштаат а надлежните од ЈП МЖ –Транспорт велат дека причина е дефект на системот.

Тие најавуваат дека во текот на денот, ќе биде отстранет и рампите повторно ќе се спуштаат. До тогаш сите железнички композиции низ Велес сообраќаат со минимална брзина и застануваат на овие премини, и со сирена означуваат дека ќе мине воз по пругата.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »