речник контакт

Жешка цена на маслото за јадење

Нов ценовен шок за граѓаните откако маслото за јадење поскапе четврти пат за еден месец.

Петар Печков

 За месец дена цената на маслото за јадење во малопродажба скокна за 13 денари, така што од вечера најголемиот производител во земјава, велешка Маслодајна го продава за 67 денари за литар, иако на почетокот од јули  се нудеше за 54 денари. Граѓаните во неверување од ценовниот скок кој ги удри за основниот прехранбен производ- зејтинот.

Цената на маслото за јадење неколку пати скокаше во изминатиот период, на 57 па на 59 на 62 денари за сега да го купуваме по 67 денари. Ваквата состојба искрено ме плаши, бидејќи на секое влегување во дуќан ставувам која цена ќе ја најдам а продавачите велат дека можно е наскоро да има ново покачување. Незнам до каде ќе оди, ама на добро не е за нашиот истанчен џеб – велат велешани кои почнаа прошетка во продавниците во намера да најдат некое заостанато количество на зејтин по стара цена. По врелото августовско сонце, сега тоа е главна домашна преокупација.

Пензионерите штотуку добиените примања веднаш ги претворија во склад од зејтин, за да се најде за есента кога треба да се подготвува зимницата. Благој Ѓорев најголемиот производител на масло за јадење во земјава ваквиот скок од 23 отсто на цената на маслото за еден месец го оправдува со состојбата на светските берзи и незнаат до кога ќе се движат со вакво темпо.

Погледнете ја Ротердамска берза на масло каде секој ден тоа се качува за 50 евра за тон. До каде ќе оди цената не можеме да претпоставиме, дали утре ќе сопре дали со исто темпо ќе се качува, зависи од светскиот пазар во пресрет на скорешната берба и откуп на годинашнава реколта на сончоглед – изјави Никола Варадинов извршен директор на Маслодајна.

Граѓаните стравуваат дека може да се повтори состојбата од пред три години кога зејтинот на почетокот од 2007-та стигна и до енормни 110 денари за литар. Ваквото стравување кај граѓаните ги тера да купуваат масло во поголеми количини и создаваат домашни резерви, исто како што е состојбата и со брашното за јадење за кое стигнуваат најави дека ќе има повисока цена.

Но тука не  е крајот на економските  проблеми на граѓаните. Тие од вчера во Велес купуваат поскапи јајца, кои достигнаа до 6,3 денари за парче, наспроти 5-те денари  од парче колку од пред две седмици го плаќаа. Од велешки ,,Жито Вардар,, најголемиот производител на конзумни јајца во Македонија немаше одговор за ова покачување бидејќи менаџментот на друштвото е на годишен одмор.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »