речник контакт

Жиро Маркети одбележаа 30 години работа

Горд сум и среќен што со чесно и домаќинско работење можам да кажам дека успеавме и дека мојот сон стана реалност- рече сопственикот Јованче Ѓошевски

Петар Печков

Со гала свеченост, одржана во Винарија Стоби, пред околу 700 гости, Жито маркети го одбележаа јубилејот 30 работа.  На свеченоста присуствуваа бројни  деловни пријатели од Велес и Македонија, бизнисмени, вработени, членови на семејство Ѓошевски.  Настанот се одржа во пријатна и топла атмосфера, во знакот на традицијата и жетвата.  Жито маркети со 850 вработени и  55 маркети во повеќе градови во Македонија, се најголемиот работодавец во Велес.  Идејата на домаќинот беше да се собере на едно место, проширеното семејство на Жито маркети, да се пожнее успехот од трите децении работа -како завршеток на еден успешен циклус и да се најави и започне нов и поуспешен.  

Горд сум и среќен што после 30 години постоење, чесно и домаќинско работење можам да кажам дека успеавме  и дека мојот сон стана реалност. Вредеа сите непроспиени ноќи, сите донесени одлуки, сиот вложен труд. Успехот од 30 години постоење го должам на моето семејство, моите вработени и Вам пријатели мои. Затоа од ден во ден, од недела во недела, макотрпно работиме да го направиме Жито среќно семејство на што е можно поголем број граѓани - порача сопственикот Јованче  Ѓошевски.

 На 10-тина вработени им беа доделени златник и сребреник за долгогодишната лојалност во фирмата, и стаж подолг од дваесет години.  Тоа беше благодарност за вложениот долгогодишен труд и верност кон компанијата. За добрата забава на бројните гости задолжена беше составот Љубојна, која одржа одличен концерт, исполнувајќи ги нивните најголеми успеси.  

 Успешната приказна  за Жито маркети започна во далечната 1988 година со отворање на првата продавница, за денес да имаат 55 супермаркети во 15-тина градови на Македонија.  Компанијата  делува во повеќе области. Од 2006-та година Жито почнува да инвестира во земјоделието, земајќи под концесија 220 хектари обработлива површина, засадена со лозје и  овошје -круши, вишни, праски, кајсии, сливи. 

Најавија дека нивна следна голема инвестиција ќе биде  погон за преработка на сушено овошје. Како општествено одговорна компанија Жито помага каде што е најпотребно.  Меѓу нив се и донација за опремување на СОС селото, на Болниците во Кочани, Кичево, Куманово и Велес, хуманитарна помош за поплавените подрачја во тетовско.  Токму затоа ЖИТО е еден од брендовите на современ Велес. 

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »