речник контакт

Жителите на населба Порцеланка бараат вода за пиење

Постојната што се дистрибуирала со цистерни била со мирис на железо и боја на р`ѓа

Петар Печков

Протести на жителите од населба ,,Порцеланка,, пред зградата на локалната власт. Тие бараат да им се реши прашањето со вода за пиење. Проблемот бил стар со години и со него биле запознаени претставниците на општина Велес. Недостатокот е времено решен, бидејќи ЈКП Дервен им дистрибуира вода во цистерни.

Не залажаа дека носат вода со цистерни, но таа е неквалитетна. Таа има и боја и мирис. Мириса на железо, има р`ѓа. Бараме да не приклучат на градскиот водовод. Толку време ни ветуваат дека ќе се реши водоснабдувањето, но тоа на се случува. Имаме деца за гледање, дали треба со ваква неквалитетна вода да им ја гасиме жедта и тие како нас да се разболат – велат жителите на населбата Порцеланка.

Во населбата каде живеат стотина жители никогаш немало водоводна мрежа. Тие со вода за пиење се снабдувале од мрежата на блиската фабрика. Но откако поради неплатени сметки таму водата е исклучена, ни тие  година дена немаат вода за пиење. За решавање на проблемот ЈКП Дервен изготвил проект, за чија реализација се потребни 15 илјади евра, пари кои треба да се обезбедат или од нив или од општината. Додека тие се најдат, овие жители и натаму ќе се снабдуваат со вода за пиење од цистерни, која за нив е неквалитетна.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »