речник контакт

Жител на Горно Јаболчиште загина од гром, дете е повредено

Силното невреме кое го зафатило селото одзеде еден живот

Петар Печков

Вечера попладне големо невреме кое беснееше на  планината Јакупица однесе еден живот, откако гром усмрти едно лице а друго повреди.  Според селаните  Хасим Ф. ( 36 год) заминал со неговиот внук од брат во шумата да берат печурки, кога ги зафанало невреме со силни грмотевици. Несреќата се случила околу пладне во 13,30 часот, на терен кој е далеку од селото што ги оневозможило навреме да  избегаат од невремето кое силно го зафатило овој крај. 

Местото каде се случи несреќата е високо над селото, има повеќе од 1.2 илјади метри надморска височина. Собирале печурки со внукот и громот како што раскажува детето го погодил чичко му. Беше многу лошо времето – вели жител ан селото Горно Јаболчиште.

Веднаш повикале доктори од Итната помош, кои кога дошле, констатирале  смрт на Хасим Ф. Дванаесетгодишното дете било пренесено во велешката Болница каде  беше задржано на лекување и минало само со полесни повреди.  

  Хасим Ф. кој не бил женет не бил вработен и како повеќето жители на  велешкото село Горно Јаболчиште живеел од собирање на лековити билки, шумски плодови и печурки.  Од велешката полиција го потврдија настанот.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »