речник контакт

Жител на Градско се удави во водите на езерото Подлес

Т.М. бил на излет со семејството кога се случил инцидентот

Петар Печков

Во неделата попладне, жител на Градско се удавил во водите на вештачката акумулација, езеро Подлес.

Настанот се случил на 19-ти јуни, околу 18ч. кога Т.М. ( 53 год) од Градско  бил со семејството на излет на езерото.

Седеле на летниковците, кога тој потрчал во водата да се освежи,  влегол и по некое време неговото тело било на површината од водата.

Била повикана екипа на Итната помош, која констатирала смрт  кај лицето Т.М. информираше портпаролот д-р Страхил Тодоров. Од СВР Велес го потврдија настанот.

Телото на давеникот било предадено на семејството, по наредба на јавен обвинител и нема да се врши обдукција.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »